Заев преку Димковски спроведува чистка во Министерството за земјоделство

Зоран Заев преку министерот Трајан Димковски врши најбрутален партиски реваншизам и спроведува чистка во Министерството за земјоделство по принципот од „чистачка до министер“.

Над 50 – тина вработени во министерството низ цела Република Македонија се преместени на работни позиции надвор од своето место на живеење, без реална причина, затоа што не размислуваат единствено како СДСМ.

Овие луѓе зад мене кои што чесно си ја работат својата работа повеќе од десетина години, се жртви на политичка хајка оркестрирана директно од Зоран Заев.

Министерот Димковски со нивното преместување директно го крши Законот за вработените во јавниот сектор, кој пропишува дека вработен во јавниот сектор може да биде преместен на работа, надвор од своето место на живеење единствено ако сам побара или постои реална потреба на институцијата. Во случајов не се исполнети ниту едно од двата услова кои што ги пропишува законот.

Ова е решението кое што им се дели на вработените во МЗШВ. Во истото не е наведена реалната потреба на институцијата, поради која се преместуваат вработените во подрачните единици на министерството.

Дека власта нема милост покажува случајот со преместување на мајка, на дете болно од тешка болест, кое што се лекува во странство, само затоа што не размислува како СДСМ. Мајката наместо да биде блиску до детето, ќе треба да патува десетици километри секој ден за да стигне на своето работно место.

Ова покажува дека Зоран Заев и луѓето околу него немаат милост и се изживуваат со кого ќе стигнат. Токму затоа оваа ненародна власт треба час поскоро да биде променета.

Почитувани,

Вработените се оставени сами на себе. Власта го има узурпирано и синдикатот на вработените во МЗШВ, каде претседател е секретарка во кабинетот на министерот. Токму затоа синдикатот, кој треба да ги брани интересите на вработените во министерството ги остава самите да си ја бараат правдата преку институциите.

Господине Заев, оттука сакаме да ви порачаме, ниту ќе ги исплашите, ниту ги демотивирате луѓето, вака само дополнително ги мотивирате оваа ненародна власт час поскоро да биде променета.

Додека вие и вашите министри се луксузирате на државен трошок, додека земјоделците плачат и молат за помош, додека менувате закон со кој вашите партиски пајташи ќе можат да градат ресторани и хотели на земјоделско земјиште, вработените во МЗШВ се принудени да патуваат километри и километри за да отидат на своето работно место.

Време е да се стави крај на ова изживување. Потребни се итни предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија. Обнова за подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави