Членката на ЦО на СДСМ, Сања Лукаревска денеска учествуваше на маалска средба со граѓаните од Крива Паланка.
Непосредните средби со граѓаните се со цел да се слушнат нивните барања и потреби , но и оставање на простор за сугестии и идеи за решавање на одредени состојби кои нив ги засегаат.
Лукаревска истакна дека голем дел од мерките кои ги вети Владата предводена од СДСМ веќе се реализирани, се повеќе пари за враќаат назад, кај граѓаните.
Фактите и бројките ги потврдуваат успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.
Лукаревска рече дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати, над 9 милиони сметки досега се скенирани.
Дополнително, вкупниот износ на ДДВ приход во месец јули 2019 е за 10,31 отсто повисок од минатата година.
Во 2019 година бележиме 54 отсто повисок поврат кон фирмите во споредба со 2016-та година.
На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, во домаќинствата и во стопанството – рече Лукаревска.
Таа додаде дека мерката „зелена нафта ” е уште еден од крупните мерки со кои за 30 отсто се намалуваат трошоците кај земјоделците и кај околу 55 илјади земјоделци се враќаат околу 200 милиони денари.
Преку новиот Закон за земјоделско земјиште конечно имаме транспарентна и неселективна распределба на земјоделското земјиште, но и стимулација на младите да учествуваат во производството преку користење на мерката „Млад земјоделец”, преку која ги задржуваме младите во земјата.
Реализацијата на мерките на Владата предводена од СДСМ преставува мотив плус за реализација на уште повеќе мерки кои значат намалување на трошоците и повеќе пари да семејниот буџет на граѓаните.
СДСМ продолжува со работните активности и средби со граѓаните кои стануваат пракса и начин на функционирање на партијата.