Брук Ејтон е мајка на двегодишниот Казимир Кеш Ландерс кој починал во 2018 година, откако се удавил во базен и поминал шест дена на респиратор. Кога нејзиниот син ја загубил битката за живот, Брук решила да ги донира неговите органи за да помогне во спасувањето на неколку детски животи.
Едно од тие деца била Лола Бонд, на која само неколку дена по раѓањето ѝ била дијагностицирана смртоносна срцева мана.
Срцето на Кеш продолжило да живее преку 18-месечното девојче на кое му била извршена трансплантација на срце, а Брук преку неа, за прв пат од смртта на Кеш, го слушнала чукање на срцето на нејзиниот син.
Таа вели дека ќе биде поврзана со Лола до крајот на животот, а девојчето сега, според лекарите, ќе има шанса за речиси целосно здрав живот.