Поради силниот тајфун кој го погоди источниот дел од Кина, евакуирани се милион луѓе, а откажани се повеќе стотици летови.
Тајфунот Лекима дуваше со ветер и до 187 километри на час.
Бурата сега се движи кон северозапад и постепено слабее.
Како што пренесе „Ројтерс“, поради невремето откажани се 625 летови, а делумно во прекин е и железничкиот сообраќај.