На Франција не ѝ треба дозвола за да зборува за Иран, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.
Тој рече дека Франција зборува со целосен суверенитет и е посветена на ублажување на тензиите во регионот на Персискиот Залив.
Одговорот на Франција следи по критиките упатени од страна на Доналд Трамп.
Американскиот претседател пред два дена на „Твитер“ објави дека луѓето кои посредуваат и тврдат дека ги претставуваат САД, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, испраќаат „мешани сигнали“ до Иран.