Масовна тепачка пред дискотека во Македонска Каменица

Во полицијата во Македонска Каменица во раните утрински часови на 10 август било пријавено насилство пред дискотека на улицата „Александар Македонски“.

Како што информираат од МВР, пред дискотеката дошло до физичка пресметка меѓу жител од Македонска Каменица од една страна и двајца кочанчанци од друга страна.

Потоа, во тепачката се вклучиле и други лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави