Николов: Сите проекти на Филипче пропаѓаат, ќе го дозволи ли тоа и со новиот клинички

Триото Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче го уништуваат здравството.

Тешко е да се наброи што се направи ова трио во изминативе неколку години.

Прекинаа готов проект за Клинички центар Мајка Тереза со обезбедени пари од развојна Европска банка, ги оставија пациентите во руинирани згради да се лечат следните 10 години, го пропаднаа концептот јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија, спроведоа и платија бескорисни физибилити студии без некои посебни заклучоци.

Поминаа десеттина дена откако Заев и Филипче најавија дека планираат до крај на годинава да стартува изградбата на новиот Клинички центар. На повидок не e само скандал, туку најголемиот грабеж од времето на независна Македонија заедно со овој што денеска го слушаме.

Пари обезбедени, позајмени од комерцијални банки, кои се грижат само за профит, а истите ќе ги враќаат граѓаните.

Со ова Македонија ќе се фрли во поопасно должничко сценарио, а граѓаните и понатаму ќе осиромашуваат и нема да добиваат соодветна здравствена услуга.

Триото Заев-Филипче-Дончев, осиромашените граѓани ќе ги остави во наредните 10 години да се лекуваат во руинирани болници на Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Ова стана јасно особено по објавување на јавниот повик за конкурентен дијалог за нов Клинички центар. Тендерот има два елементи цена и квалитет. И онака едноставно се вели дека 30 бодови ќе се добијат од цената, а 70 бодови ќе се добијат од квалитетот!

Дополнително, во годишниот план на Министерството за здравство  таква набавка нема. Измислиле сооднос цена квалитет 30 спрема 70, а како  и вообичаено Филипче не дава одговор зошто?!

Почитувани,

Оттука треба да се каже дека  Заев и Филипче се должни да дадат повеќе одговори.

Прво, во какви услови и како ќе се лекуваат граѓаните во наредните 10 години?

Второ, треба да им кажат на граѓаните од Драчево, Студеничани, Зелениково и Сопиште дали ќе одат на лекар во Велес или во Скопје?

Трето, зошто се зема кредит од комерцијална банка кои ги интересира само профитот, а не кредит од развојна Европска банка?

Четврто, колкава ќе биде каматата од позајмените половина милијарда евра?

Петто, кој ќе го контролира спроведувањето на моделот клучна рака? Има ли министерството капацитет за контрола на фирмата која што ќе гради по овој модел?

Шесто, кој ќе одлучува што е  квалитет и по кои критериуми ќе биде дефиниран квалитетот?

Седмо, ќе има ли тендерско наддавање? Или повторно само една фирма ќе биде најдобра?

Мора да се стави крај на расипничкото однесување на триото Заев-Филипче-Дончев.  Филипче како доктор мора да се спротивстави и не смее да дозволи на ваков начин да се гради новиот Клинички центар.

Капиталниот проект за јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија се распаѓа, нека не дозволува иста судбина да има и новиот клинички.

Во спротивно потребно е да си замине, исто како што потребно е да замине и Зоран Заев, за граѓаните да не ја плаќаат повеќе цената на  криминалите на власта. Сите инволвирани во овој криминален план ќе одговараат во моментот кога правдата ќе биде еднаква секој поединец.

 

Треба да знаете
Последни објави