Најмалку 57 лица загинаа, а 65 се повредени кога експлодира цистерна со нафта во Танзанија.
Меѓу повредените, кои се здобиле со тешки изгореници, има и од оние кои се обиделе да извлечат гориво од цистерната по сударот, пренесе „Ројтерс“.
Инцидентите во кои луѓе загинуваат во експлозии, обидувајќи се да крадат гориво од оштетени цистерни не се ретка појава во источна Африка, наведе „АП“.