Лукаревска на маалска средба во Штип: Преку поврат на ДДВ враќаме пари директно кај граѓаните, платите и пензиите постојано растат

Членката на ЦО Сања Лукаревска, придружувана од претседалот на ОО Штип Александар Кангалов и други членови на СДСМ, учествуваа на маалска средба со жителите на населбата Автокоманда, Штип. Лукаревска потсети дека при доаѓањето на власт, Владата предводена од СДСМ се соочи со испразен буџет и нереализирани планови, но и сериозна задача почнувајќи од надворешната политика, па внатрешните економски проблеми со кои бевме соочени.

Таа посочи дека за прв пат државата директно враќа пари назад на сметките на граѓаните.

– Започна реализацијата на клучната мерка Мој ДДВ со која 15 отсто од платеното ДДВ им се враќа на граѓаните. Со тоа кај секое физичко лице се враќаат до 7.200 денари. Досега скенира и се речиси 9 милиони фискални сметки со остварен промет од околу 4.7 милијарди денари. Истовремено растат платите во јавниот сектор,  како и пензиите , а за прв пат кадарот во градинките доби покачување од 16 отсто или околу 3.000 денари повисока плата, истакна Лукаревска.

Лукаревска истакна дека преку аграрните реформи како зелена нафта, и мерките преку новиот Закон за земјоделско земјиште за прв пат се обезбедува на транспарентен начин распределбата на земјоделското земјиште и се враќа достоинството на земјоделецот. Конечно парите се враќаат кај граѓаните. СДСМ преку сите овие реформи и мерки го заживува стопанството и го издигнува стандардот на граѓаните.Зборот важи!

Треба да знаете
Последни објави