Петнаесет германски фудбалери се повредени од удар на гром во германската покраина Баден-Виртемберг. Громот удрил додека играчите тренирале во петокот вечерта во близина на спортски центар, изјави портпаролот на полицијата, пренесоа германските медиуми.
Фудбалерите се на возраст помеѓу 19 и 48 години и се здобиле со полесни повреди, додека едно лице извесно време било онесвестено. Повредените се префрлени во болница.