Американскиот финансиер соочен со обвиненија за трговија со луѓе и сексуално злоставување, Џефри Епстајн изврши самоубиство во затвор, пренесоа денеска американските медиуми.
Тој бил пронајден мртов во неговата ќелија во затворот во Менхетен, јави „Ројтерс“.
Во обвинението со кое се товареше Епстајн е наведено дека намамил десетина малолетнички во својата луксузна куќа и им плаќал за сексуалните услуги.