Македонија е изгубена држава која што се празни од ден на ден затоа што ја имаат окупирано криминалци како Зоран Заев. Во Македонија со правдата се тргува, се креираат обвиненија со цел некој потоа тоа дебело да ги наплати со изнуди и рекет, кажа на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и екипата заедно со нивните слуги во СЈО, обвинителството и судството создаваат случаи за да се рекетираат бизнисмени и уценуваат политичари со опозициони ставови.
На дело гледаме како Зоран Заев и екипата го злоупотребувале државниот апарат за да земаат милиони евра кои потоа веројатно биле делени во помали Луј Витон торбички, паричници или пак директно во џебови.
Институциите кои треба ова да го гонат, се одмораат среде истрага дозволувајќи на тој начин да се форматираат телефони, да се бришат форензички комјутери, да се влијае врз докази и сведоци и потенцијални осомничени кои што можат да уживаат на плажи. Тоа е лика и прилика на Русковска обвинителството и Луј Витон правдата која работи по директива на Зоран Заев.
Овој скандал е многу сериозен и тоа не го говори само македонската јавност туку за тоа говори и европската јавност. Поради октоподот кој го инсталираше Зоран Заев, а во кој Боки Тредичи е само еден од пипците.
Лицемерни се пораките на Заев, на Шекеринска и на СДСМ дека институциите треба да го расчистат случајот, кога гледаме признание на ОЈО дека материјалите кои што се објавуваат и тие ги поседувале.
Па ако ги поседувале и на нив јасно се гледа улогата на Катица Јанева и признанијата на Боки Тредичи дека за случајот е зборено со Заев и тој нема да прави проблеми, тогаш зошто ЦЕЛ месец, повторувам ЦЕЛ месец ништо не е преземено за подетална истрага и проширување на обвинението.
Зошто не е утврдено каде се движеле осомничените откако ја зеле торбата Луј Витон и каде завршила таа заедно со парите во неа? Дали со измислувањето на статусот пријавител, Рускоска се обидува да го амнестира Заев, откако веќе виделе дека случајот ќе излезе во јавноста? Тенденцијата е веќе јасна, Русковска обвинителството требало да отвори случај во кој ќе гледа по секоја цена да се ограничи на двајца обвинети и со тоа да ги заштитат Катица Јанева, Зоран Заев и многу други функционери од партијата СДСМ.
Соработката на Боки 13 со целокупното СДСМ е овековечена со меморандуми, средби и членство во Организацијата на Боки 13. Сега на ред се институциите да проверат колку милиони се изрекетирани од Боки Тредичи, кој се работел со него и како бил делен рекетот меѓу Боки, Зоки, Каки, Шеки, Фрики, Кики и останатите рекетарски ликови.
Сепак овој скандал е огромен и има влијание на нашите евроинтеграции па нема така лесно да успеат да го забошотат.
Одговори, но и одговорност мора да има. Зоран Заев и криминалниот картел околу него, Катица Јанева и СЈО веќе стануваат сериозна опасност не само за владеењето на правната држава, довербата во институциите, туку и угледот на државата во контекст на Европската Унија и на европските интеграции.