Партијата Глас за Македонија, на Солза Грчева преку соопштение посочува дека во ек на актуелен мега корупциски скандал кој ги зафатил сите три власти: извршната, судската и законодавната, неопходна е оставка и заминување на сите овие чинители.
„Отстапете од власта и заминете во неврат од политичкиот и општествениот живот, поради доброто на државата и народот. Октроираната власт, која се претставува како власт на измислената творба “Република Северна Македонија“ погазувајќи ја најгрубо јасно изразената волја на народот, е посрамотена, без углед и морална основа. Сведоци сме на грубо кршење на човековите права, политичка и лична дрскост, евтино комедијантство, ограбување на фондови, уценување за пари, ненаситност, незнаење и злосреќа! Никакви поуки, добронамерни или не, не помагаат. Ова е точката од која не смее да има враќање. Оставка веднаш“, вели Солза Грчева во соопштението.