„Ла верита” ја повлече денешната видео колумна
Италијанскиот весник „Ла Верита” ја повлече денешната видео колумна во која ја критикуваше претставничката на Еу за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, за непреземање акција во врска со случајот „Рекет”.
Според информации на Пресс24 причина се повредените авторски права на друг медиум.
Според најавите весникот во следните денови ќе излезе и со нови објави во врска со случајот Рекет.
Дека следуваат нови информации денеска наговести и српскиот претседател Вучиќ.
Извор: пресс24