Нападот врз џамијата во Норвешка се третира како обид за тероризам

Норвешката полиција соопшти дека нападот на џамијата во Норвешка се третира како обид за тероризам.

Полицијата наведе дека првите налози од истрагата укажуваат оти напаѓачот има екстремно десничарски погледи и сакал да сее терор.

Се работи за Норвежанец на околу 20-годишна возраст, кој вчера отвори оган во џамија во Осло и полесно повреди едно лице пред да биде совладан од страна на еден верник, а потоа и уапсен од полицијата.

Во куќата на осомничениот било пронајдено женско тело, најверојатно неговата мајка.

Треба да знаете
Последни објави