По Шкендија и Работнички и Вардар поразен на стартот: Македонија ЃП го изненади фаворитот

Македонија ЃП го совлада Вардар со 0:2 во последното коло од ПМФЛ, а „лавовите” славеа на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Вардар ја започна новата сезона со пораз, „црвено-црните“ иако беа подобар противник, го имаа поседот на топката и креира неколку добри шанси, два пати ја погодија и рамката нод голот, но на крајот останаа со празни раце.

Ветеранот Боби Божиновски, по асистенција на Бенјамин Демир, погоди во 21 минута, а трите бода за ѓорчепетровци ги осигура Сефер Емини во 89. минута.

Прва фудбалска лига, 1 коло

Вардар – Македонија Ѓ.П. 0:2

Академија Пандев – Шкендија 1:0

Шкупи – Борец 2:0

Струга Трим Лум – Работнички 2:1

Ренова – Силекс 1:0

Двојки за 2 коло

Борец – Вардар

Силекс – Шкендија

Работнички – Шкупи

Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев

Ренова – Струга Трим Лум

Треба да знаете
Последни објави