Целосно изгаснат пожарот кај село Зајас

Вчера околу пладне во близина на село Зајас избувна пожар, во месноста викана„ Алово мало“, при што беа опожарени над 300 метри квадратни ниско стеблеста шума и сува трва. Екипите на ТППЕ Кичево интервенира, при што пожарот е целосно изгаснат и оневозможено е негово натамошно ширење.

По пролетните зачестени пожари во овој регион, летово и покрај топлото и суво време, пожарите се ретка појава. Се верува дека апелите и препораките на надлежните структури, придонесоа драстично да се намалат пожарите, а со тоа и штетите што ги предизвикува огнената стихија.

Треба да знаете
Последни објави