(Видео) Европа се пржи, Австралија под снег

Додека топлотниот бран беснее во Европа, сосема друга приказна има во јужната хемисфера.

Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час, а полека се движи источно од земјата.
Метеоролозите ги советуваа граѓаните да останат во домовите и да се држат настрана од речните и морските патеки.

Снегот падна во Нов Јужен Велс, Викторија и Канбера, а 80 см снег падна во планинските области.

Поради силните ветришта воздушниот сообраќај беше запрен и неколку летови беа откажани на аеродромот во Сиднеј. На патиштатата поради намалената видливост и лизгавиот коловоз се случија повеќе сообраќајни несреќи.

Сепак, н снегот му се радуваат децата, а снежната обвивка не им пречи ниту на кенгурите.

Треба да знаете
Последни објави