ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста реагира на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференција на Цветан Трипуновски во врска со антркасот.
„Власта две недели крие од граѓаните дека има детектирано антракс во Македонија.
Зоран Заев, под чиј диктат е МЗШВ и АХВ неодговорно се однесуваат со здравјето на граѓаните.
Зошто две недели се молчи? Преземени ли се сите неопходни мерки за заштита на луѓето? Дали е пуштено во промет месо од животни заболени од антракс? Власта мора да одговори. Граѓаните заслужуваат одговори.
Наместо на скапи ручеци и на менување закони по диктат на Заев, Димковски и неговиот кабинет да се насочат кон граѓаните.
Неминовниот пораз кој ги очекува на претстојниот предвремени парламентарни избори не е оправдување да не работат ништо во меѓувреме“.