Норвешката полиција соопшти дека нападот на џамијата во Норвешка се третира како обид за тероризам.
Полицијата наведе дека првите налози од истрагата укажуваат оти напаѓачот има екстремно десничарски погледи и сакал да сее терор.
Се работи за Норвежанец на околу 20-годишна возраст, кој вчера отвори оган во џамија во Осло и полесно повреди едно лице пред да биде совладан од страна на еден верник, а потоа и уапсен од полицијата.
Во куќата на осомничениот било пронајдено женско тело, најверојатно неговата мајка.