Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринското соопштение.
Од таму додаваат дека забележана е зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Богородица“ каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.