Пожар на грчкиот остров Елафонисос, туристите евакуирани

Туристичкиот камп и околните куќи на островот Елафонисос, на југот во Грција, се евакуирани втор ден по ред, бидејќи пожарот што изби зема замав поради силниот ветер.

Властите синоќа соопштија дека пожарот е под контрола, но ветровите повторно го распалија, пренесе „АП“.

Пожарот го гасат 90 пожарникари со помош на шест авиони и три хеликоптери.

На Елафонисос живеат околу 350 луѓе, но за време на летната сезона островот го посетуваат околу 3.000 туристи.

Треба да знаете
Последни објави