Автобус со српски туристи кои се враќале од летување на островот Егина, се запали синоќа кај Лептокарија.
Како што јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации споделени на социјалните мрежи, во незгодата нема повредени лица.
Во автобусот се возеле 47 патници, но благодарение на брзата реакција на возачот никој не е повреден, пренесе „Танјуг“.