Трамп е кинески цар

Светскиот снукер шампион, Британецот Џад Трамп го освои Меѓународното првенство во Кина откако во финалето го порази сонародникот Шон Марфи за 12-та титула во кариерата

Трамп денеска славеше со 10:3 во фрејмови, откако поведе со 5:0, но Марфи пред паузата успеа да освои три и да намали на 6:3. Сепак, Трамп во продолжението ги освои првите четири фрејма и ја обезбеди победата.

Ова беше прв трофеј за младиот Британец по триумфот на Светското првенство во мај во Шефилд.

Освен што е актуелен светски шампион Трамп од понеделникот е и на првото место на светската ранг листа каде го премина Рони О’Саливен.

https://twitter.com/WorldSnooker/status/1160526080140304384

Треба да знаете
Последни објави