Арачиновец бил уапсен откако полицијата во неговиот автомобил пронашла 22 мигранти, вчера во близина на Демир Капија.
Според МВР, полицајци од ГП Богородица и од граничен надзор Михајлово околу 15 часот во близина на Демир Капија, кај месноста Острово во автомобил „ауди А6“ пронашле 20 мигранти од Пакистан и двајца од Бангладеш.
Полицијата го привела А.Љ. од Арачиново и го одзела автомобилот „ауди A6“ со скопски регистарски ознаки.
Се работи на расчистување на случајот.