Довициозо победник на ГН на Австрија: го претрка Маркез во последниот свиок

Андреа Довициозо победи на денешната трка во Мото ГП за Големата награда на Австрија во една од најинтересните трки сезонава. Италијанецот на Дукати во самиот финиш триумфираше над лидерот во Мото ГП, Марк Маркез.

Шпанецот на Репсол Хонда беше голем фаворит за триумф и денеска во Австрија, но овојпат Довициозо во лудата трка успеа да го помине. Двата возачи наизменично се менуваа на трката и на три круга до крајот следеше буквално лудило, наизменично претекнувајќи се на патеката. Во завршниот круг, буквално на последен свиок Довициозо успеа да го претрка Маркез и на крајот да победи.

Трет на денешнот гранпри беше Фабио Квартаро, потврдувајќи дека сезонава е одличен. Зад него ги остави Валентино Роси и Виналес.

Треба да знаете
Последни објави