Македонската Влада гради квалитетна инфраструктура низ целата држава, чија цел е да се обезбеди брз проток на луѓе, стоки и услуги, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
-Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите. Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот проток на луѓе, стоки и услуги, наведува Заев.
Тој натаму потенцира дека гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја, при што ширум државата се изградени 216 километри гасовод.
– Фокусирани сме на изградба на водоводи и канализации заради подобрување на животот на граѓаните. Досега се изградени над 30 километри водовод за 310.000 жители и 37 километри канализација за 22.500 жители. Заедно ја градиме Северна Македонија. Ја правиме убаво место за живеење. Градиме по план!, потенцира премиерот Заев во објавата на Фејсбук.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2381250485482044/?__xts__%5B0%5D=68.ARDeuc7RkWiWLYPZ2XiO15QJkAFvJDx3Vg1NE0hP8SSDS7f0rFc1OqZIhjvweawUby_PEF8Kz5siZMQG2GLN7z3NF3dNGzPuHvx0G-GkHeoWKAzzfrviNE8kVgm5zSZ-W01tKBBv9vjTZJgZhVa4cCPqpHjMK1e3X4gsZyDWD7NTiMN6WCAXqRiXOuhLn01x_FRxuWXsZgL27MG8CyVRwdJTwd9qbQKD1vmNONDKZiJKAIcHvxAyXrcFmWQf_mqSqEndtsy4XeblKc8ontiLrfT3twRdKhfZxp414mS0hUxeCugUNao4e0aCd00ZKwZ63uhZVz3QLLpkudja8El0uiafeBM&__tn__=-R