Луксембуршкиот премиер, Гзавије Бател вети финансиска помош за сите граѓани чиишто домови се оштетени од торнадото кое ја погоди земјата во петокот.
„Подготвени сме да преземеме одговорност“, изјави Бател, пренесе весникот „Тагеблат“.
Во торнадото во петокот, повредени се 19 лица од кои две потешко, пренесува „АП“.
Едно од лицата доживеало срцев удар и се наоѓа во критична состојба.
Стотина пожарникари, војници и припадници на полицијата го чистеа местото кое го погоди торнадото.
Оштетени се околу 300 згради, додека 80 куќи се уништени до тој степен што во нив повеќе не може да се живее, пишува „Тагеблат“.