Рашфорд му го расипа дебито на Лампард, Јунајтед му даде четири гола на Челзи

Големото дерби на „Олд Трафорд“ им припадна на фудбалерите на Манчестер Јунајтед кои убедливо триумфираа над Челзи со 4:0, расипувајќи го дебито на Френк Лампард на клупата на „сините“.

Најдобар кај домаќините беше Маркус Рашфорд  кој постигна два гола. Првиот во 18 минута од пенал по грешката на Курт Зума. Следуваше период во кој „сините“ беа подобар противник, имаа неколку шанси за гол, а погодија и пречка, што го казнија домаќините со два гола за три минути.

Ентони Марсиал во 65 и Рашфорд по вторпат во 67 минута реализираа по одличните асистенции на Андреас Переира и Пол Погба.

Конечниот резултат го постави новото засилување Даниел Џејмс кој погоди со многу среќа.

Треба да знаете
Последни објави