Верниците во Кашмир се молеа и протестираа против Индија

Армијата во делот на Кашмир под контрола на Индија не им дозволи на муслиманите денес да одат поединечно или во парови и да се молат за време на фестивалот „Еид ал Адха“, иако невидени безбедносни мерки ги принудија повеќето луѓе во спорниот регион да останат дома, пренесува АП.

Стотици верници излегоа на улиците по молитвата во главниот град Сринагар, на вториот ден од Курбан бајрам, извикувајќи „Сакаме слобода“ и „Оди си, Индија“.

Некои демонстранти протестираа против ненадејниот потег на индиските власти за укинување на автономијата на Кашмир минатата недела.

Сите комуникации и интернетот се во прекин веќе осум дена.

Улиците се пусти и властите не дозволуваат големи собири за да ги спречат антииндиските протести.

Треба да знаете
Последни објави