(Видео) Педесет и шест лица загинаа во лизгање на земјиштето во Мјанмар

Најмалку 56 лица загинаа во лизгање на земјиштето предизвикано од монсунските дождови во источен Мјанмар, соопштија денеска властите во новиот извештај за жртви.

Свлечиштето се случи пред два дена во едно село каде што поројот од кал однесе 16 куќи и манастир.

Најмалку 38.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради монсунските поплави, соопштија ООН.

Сезоната на монсуните во Азија трае од јуни до септември.

Треба да знаете
Последни објави