Пол Погба синоќа беше еден од најдобрите играчи во таборот на Јунајтед во победата над Челси од 4:0.
Французинот забележа две асистенции на премиерниот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, а после натпреварот новинарите не пропуштија да го прашаат за неговата иднина со оглед на тоа што и самиот најави можно напуштање на „Олд Трафорд“.
„Се зборува за многу работи, а секогаш се останува под знак прашалник. Јас сум во Манчестер, одлично се забавувам со моите соиграчи и сакам да победувам“, изјави Пол Погба.
Во изминатиот период се шпекулираше дека Реал Мадрид е заинтересиран за неговите услуги, меѓутоа „Кралевите“ не успеаа да се договорат со Јунајтед.