Обвинителката Елизабета Јосифовска која е дел од тимот на СЈО, денеска била да сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со истрагата за „Рекет“, дознава „Фокус“.
Од ОЈО денеска потврдија дека утре и обвинителката Лиле Стафанова ќе даде изјава за „Рекет“, а за катица Јанева не се знае кога. Јанева денеска дојде на работа откако заврши со годишниот одмор.
Јосифовска потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за да му се одобри времен пасош на осомничениот во случајот „Империја“, Орце Камчев, но по барање на Јанева.