Пендаровски: Прво попис па избори

Претседателот Стево Пендровски по своето обраќање на нацијата одговараше на новинарски прашања. Колкави се шансите да падне владата на Зоран Заев претседателот не сакаше да шпекулира или да дава изјава како аналитичар од позицијата на која се наоѓа.

Но за предвремени избори тој смета оти не се потребни пред да се затворат прашањата со членството во НАТО и стартот на преговорите со ЕУ.

– Мислам ако ме прашувате од позиција на претседател кој се грижи за евроатланските процеси, минимум додека не ги затвориме овие битни прашања до крај на годината не би требало да има предвремени избори, сакам да ја видам Северна Македонија што поскоро во НАТО и со почнати преговори. И ако сакате до крај да бидам искрен, не би одел со предремени избори пред да направиме попис кој е потребен за да имаме било каква формирана развојна политика – рече Пендаровски.

https://www.facebook.com/kurir/videos/3005869139484936/?t=0

Треба да знаете
Последни објави