Перишиќ ги мина лекарските прегледи во Баерн

Хрватскиот фудбалски интернационалец Иван Перишиќ ги мина лекарските прегледи и може да стави потпис на едногодишен договор со Баерн Минхен. Германскиот првак Баерн ќе го добие Перишиќ на позјмица од италјанскиот Интер за пет милиони евра, со можност следната сезона да го откупи целосно неговиот договор за 20 милиони евра.

Перишиќ не е дел од плановите на новиот тренер на Интер, Антонио Конте и доби зелено светло за заминување од Италија. Перишиќ е повратник во Германија. Баерн ќе му биде трет клуб во Бундеслигата даде досега ги бранеше боите на Борусија Дортмунд и за Волфсбург.

Треба да знаете
Последни објави