Пожар во близината на железничката станица во Куманово

Пожар во близина на железничката станица во Куманово избувна доцна попладнево поради што на терен излегоа три цистерни со 9 пожарникари да го угасат огнот. Пожарот е ставен под контрола и не може да се прошири кон останатите објекти, велат од противпожарната единица. Гореле стари прагови извадени при реконструкцијата на железничката пруга.

Од СВР Куманово велат дека од 17.40 часот железничкиот сообраќај на пругата Куманово-Табановце е во прекин. Причината за пожарот не е позната.
Облакот од црн чад се гледа од сите страни на градот, а се шири и непријатна миризба.

Треба да знаете
Последни објави