Осумнаесет годишна девојка била тешко повредена откако бил прегазена од ав томобил, вчера во скопската населба Козле.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 23 часот на крстосницата од улицата Војвода Васил Чакаларов и улицата Козле-6. Автомобил „пежо 106“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.З.(61) од Скопје удрил во И.Д.(18) од Скопје.
Од ударор И.Д. се здобила со тешки повреди по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Скопје.