Тепачка и нападнат полицаец во Куманово

На 11.08.2019 година во 20,30 часот во Куманово на улицата “Октомвриска Револуција“ по претходна пријава, во кафе бар, Е.А.(22) од Куманово физички нападнал полициски службеник. Насилникот е приведен во полициска станица за натамошна постапка.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.А.(59) и С.А.(20), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.07.2019 година околу 14,00 часот во Куманово на улица „Димитрије Туцовиќ“, пред угостителски објект, по претходна вербална расправија, пријавените заедно со уште едно непознато лице, физички го нападнале Е.В.(24) од  Куманово,  при што со тврд предмет му нанеле повреди.

Треба да знаете
Последни објави