Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката кај Росоман

Б.Д.(36) од од битолското село Острец загинал во сообраќајната несреќа што вчера утрото се случи кај прилепското село Дебриште, информира МВР.

Според полицијата, сообраќајката се случи во 8.30 часот  на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај селото Дебриште. Автомобил „голф“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Р.Д.(34) од селото Острец се судрил со џип „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес.

На самото место на несреќа починал сопатникот од „голфот“ Б.Д.(36).

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

Треба да знаете
Последни објави