„Лажните вести и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ отидоа до таму што тие немаат допирна точка со реалноста. Не е точно дека се чекало 3 години за исплата на дополнителаната субвенцијата од 3 денари за поддршка на индусктриско јаболко како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа интервентна мерка е од Програмата за директни плаќања за 2018 година, за што производителите пријавуваа предадени количини до 25 декември 2018 година. Веднаш штом заврши пријавување и се обработија барањата се исплати субвенцијата и 106 милиони денари завршија кај 2.100 производители на јаболка.
Во однос на откупните цени, официјалните податоци ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Во јули годинава споредено со истиот период лани има пораст на откупните цени на краставицата за 145,8%, на доматот за 85,5%, кај лубеницата за 89,1%, кај оризот за 8,7 %, пиперката 31%, бело грозје за 14,3%, слива за 18,8%.
Наместо лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците“.