Раководството на најсилната светска кошаркарска лига – НБА го претстави календар за претстојната сезона. Новото првенство ќе стартува на 22 октомври со два натпревари, објавено е на официјалниот Твитер на лигата.
Актуелниот шампион Торонто во премиерниот дуел ќе игра со Њу Орлеанс.
Во вториот меч ќе се борат двете екипи од Лос Анџелес, ЛА лејкерс и ЛА клиперс.