Многу жени од повеќе причини ја поместуваат менструацијата со контрацептивни таблети, а најмногу преку лето доколку деновите кога треба добијат им се поклопуваат со датумот на летување. Дали е тоа безбедно?
Според лекарите, одложувањето на менструацијата со помош на контрацептивни таблети се смета за безбедно и има малку потенцијални ризици. Стручните лица велат дека одложувањето на менструалниот циклус е еднакво безбедно како и редовниот менструален циклус. Со оглед на тоа, жените можат безбедно да ја одложат менструацијата и неколку месеци по ред.
Меѓутоа, пред да почнете да пиете таблети за одложување на менструацијата, најдобро е да разговарате со вашиот лекар, затоа што доколку имате некој здравствен проблем, не е препорачливо да го менувате циклусот.
Како да ја одложите менструацијата?
За да го одложите менструалниот циклус, таблетите мора да ги пиете секој ден, започнувајќи три дена пред очекуваниот циклус. Таблетите пијте ги до моментот кога сте подготвени за менструација. Кога ќе престанете да ги пиете, треба да добиете менструација во рок од една недела.
Ризици и нуспојави
Во целина, безбедно е да ги одложите но постојат и ризици. Едниот од нив е крварењето. Имено, кога одложувате неколку менструации по ред, може да се појават траги од крв кои потсетуваат на редовна менстрација. Некои таблети го предизвикуваат тоа, некои не, затоа најдобро е да се јавите кај вашиот лекар.
Ве советуваме секогаш да ја одложувате менструацијата со договор и совети од лекарот.