Сириски мигрант прокриумчарен во Шведска од новинар кој работи за националниот радиодифузер е осуден за кривични дела извршени со нож, пренесува „Брејтбарт“.
Осудениот 20-годишен Сириец бил прокриумчарен во Шведска во 2014 година од новинарот Фредрик Аневал и тројца негови колеги од шведскиот радиодифузер СВТ.
Според извештајот на Nyheter Idag, мигрантот бил уапсен минатата година во април за носење нож во Упсала, а сега е осуден и му е изречена казна од 2.000 шведски круни.
На Аневал, кој минатата година беше осуден за криумчарење на Сириецот, му беше дозволено да ја задржи својата работа во СВТ. Директорот за човечки ресурси и комуникации на компанијата изјави дека иако тимот ја напушти својата новинарска мисија во овој случај, тие дејствувале на хуманитарна основа, а не за лична корист.
Набргу по пресудата, Аневал изјави за СВТ дека телефонски бил во контакт со Сириецот и тврдел дека има работа и дека се школува.