Силното невреме во Сараево и намалената видливост предизвика проблеми во доцните попладневни часови и протокот на воздушниот сообраќај.
Два авиони не успеаја да слетаат и беа пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб, пренесува порталот Кликс.
Авион на компанијата „ФлајДубаи”, кој леташе од Дубаи кон Сараево требаше да слета на аеродромот во Сараево во 5.55 часот. Тој кружеше околу половина час, но не
успеа да слета и полета за Белград.
Авионот „Јуровингс” од Штутгарт, кој требаше да пристигне во 17.10 часот, беше пренасочен кон Загреб, по 10-минутно кружење над сараевскиот аеродром.