Шпанската сапуница во кој главната ролја ја игра бразилскиот фудбалски интеранционалец Нејмар, луѓето од ПСЖ бараат да заврши до крајот на денот ! Ваквиот јасен и гласен став на првиот човек кај францускиот првак ПСЖ, Насер ал-Хелаифи го пренесе шпанскиот весник „Спорт“.
Претседателот на „светците“ Хелаифи го повикал денеска спортскиот директор Леонардо и му рекол дека повеќе не сака да го гледа Бразилецот во ПСЖ. Од него побарал трансферот да го комплетира во текот на денот.
Делегација Барселона денеска е во Париз. Најновите информации од Шпанија се дека Барса е расположена да направи одстапки во преговорите. Нивната понуда ќе биде 80 милиони евра, како и испраќање на Филипе Кутињо во Париз.