Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички потпиша тригодишен договор со 16-годишниот, Методи Максимов од својата младинска школа. Добрите игри со своите врсници беа повод Максимов да биде прекомандуван во сениорскиот тим каде ќе ја има довербата на тренерот Александар Влахо. Раководството на „романтичарите“ со овој потег потврди уште еднаш дека стратегијата на клубот е да промовира млади играчи главно од својата школа.
Тимот од Дебар Маало стартуваше во новата сезона со пораз кај новакот Струга Трим Љум, а веќе во наредното коло „романтичарите“ ќе имаат вистински тест како домаќини против еден од конкурентите за излез на евро-сцената Шкупи.