Специјалната обвинителка, Лиле Стефанова во моментов е на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Стефанова исто како и вчера на судењето за „Титаник“ ги одбегна камерите и незабележана влегла во зградата на Обвинителството.
Вчера изјава даде и обвинителката Елизаебта Јосифовска, а на распит треба да биде повикана и шефицата на СЈО; Катица Јанева, но не е познато кога тоа ќе се случи.