По пет часа распит од страна на обвинителката за организиран криминал и корупција обвинителката од СЈО Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ го напушти обвинителството.
За разлика од вчера и утрово, Стефанова „се охрабри“ да излезе пред новинарите, но кусо изјави дека дошла во својство на сведок и дека не може да сподели информации со јавноста, имајќи го предвид нејзиниот статус на сведок.
„Сѐ што можев да споделам со јавноста јас споделив во даденото соопштение во петокот“, рече Стефанова.
Додека таа заминуваше со возилото новинарите инсистираа со прашања, меѓу кои и зошто ако имала несогласувања со Јанева од порано, не кажала уште тогаш. На прашањата поврзани со бизнисменот Ванчо Чифлиганец, таа на заминување прокоментира дека неа никој не ја демантирал.