Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Пекинг се уште не ја почитува својата обврска за купување американски земјоделски производи.
„ Како и обично, Кина соопшти дека ќе купува„ многу “од нашите големи американски земјоделци. Тие досега не го направија тоа што го кажаа. Можеби сега ќе биде поразлично!”, напиша Трамп на Твитер.
Изјавата се случи веднаш откако трговските претставници од двете земји остварија телефонски повик, во екот на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.