Минатата година на 53.520 граѓани на БиХ за првпат им била дадена дозвола за престој во една од земјите членки на Европската Унија, укажуваат податоците на Евростат.
Бројот е зголемен во споредба со 2017 година, кога вкупниот број на дозволи за престој издадени на државјани на БиХ добиени за првпат во една од земјите-членки на ЕУ изнесуваа 26.395.
Најголем број државјани на БиХ се преселиле во Германија – 16.523, по што следи Словенија со над 15.000 издадени дозволи за престој.